Search

Адвокатите на Новак до министерот: Ја укинавте визата затоа што се плашите од антиваксерска еуфорија

Адвокатите на Новак Ѓоковиќ тврдат дека министерот за имиграција, Алекс Хок, одлуката за укинување на визата за најдобриот играч во светот ја засновал на основа на тоа дека неговото присуство во Австралија ќе предизвика расположение против вакцинирањето.

Адвокатот Николас Вуд изјави дека Хок решил да „отстрани човек со добра репутација“ од Австралија и да ја „загрози“ неговата кариера поради коментарите на Ѓоковиќ во 2020 година.

„Грешката на министерот е следнава, тој ја зема предвид само можноста да предизвика антивакцинално расположение. Човек кој е славен, кој има незначителен ризик по здравјето, ќе биде избркан, постои опција да си ја загрози кариерата и да не игра тука три години. Министерот не размислува каков ефект ќе има ова на другата страна, тоа е неразумно, тој само сакаше да го минимизира антивакцинирањето“, рече Вуд, сметајќи дека министерот сакал само да ја минимизира штетата од политички аспект.

Вуд спомна и дека Хок го скратил времето на реакција бидејќи одлуката ја донел доцна, дури во петокот околу 18.00 часот по австралиско време.

Тој беше критичен кон Хок, забележувајќи попат дека гледа само на едната страна од паричката и како лобито против вакцинација ќе реагира на целата приказна.

Треба да знаете
Последни објави