Search

Агуеро: Сампаоли нека зборува што сака…

Аргентинците и пред да пристигнат на Светското првенство ги следеа низа на контроверзии, а дека нешто не е како што треба во таборот на „Гаучосите“, најдобро се покажа на Мундијалот во Русија.

Два натпревари и само еден освоен бод и тоа на дуелот против „аутсајдерот“ Исланд (1:1). Сепак, Аргентинците не можеа да ја сокријат фрустрацијата после синоќешниот пораз од Хрватска од 3:0, а за ситуацијата да не биде подобра, дефинитивно се погрижи селекторот Хорхе Сампаоли.

Имено, синоќа по завршувањето на натпреварот, Сампаоли изјави дека „не го пронашле вистинскиот тим за да игра покрај Меси“, а тоа новинарите му го пренесоа на Агуеро и побараа коментар за тоа од напаѓачот на Манчестер Сити.

„Нека зборува што сака“, накратко порача Агуеро, очигледно исфрустриран од поразот, но и од изјавата на Сампаоли.

Треба да знаете
Последни објави