Search

Агенцијата за управување со одземен имот има донирано над 600 возила на државни институции

Агенцијата за управување со одземен имот, во не цели три години откако СДСМ е на власт, има донирано над 600 возила на државни институции, за разлика од претходниците кои од 2009 година, откако постои Агенцијата, па сè до 2017 година, за вкупно осум години не донирале ниту 300 возила, објави денеска директорот на Агенцијата Фатон Асани.

– Точно е дека премиерот се вози во возилото “Мерцедес” S класа, одземено од криминален случај и дека Оливер Спасовски е единствен премиер во регионот кој се вози во одземено возило, додека други функционери од државите во регионот такво нешто не ни помислуваат, објави на својот Фејсбук профил Фатон Асани, директор на Агенција за управување со одземен имот.

Асани нагласува дека и Зоран Заев, додека бил премиер, извесно време се возел во одземено возило, донирано од страна на Агенцијата за управување со одземен имот.

– Точно е и дека Управата за санкции раководена од Јовица Стојановиќ беше затекната во таква ситуација што немаа возило за да вршат спровод на затвореници на релација затвор – суд – затвор, па ние како Агенција со помош на Владата помогнавме и таму. Точно е и дека колку што се сеќавам на болницата во Кратово покрај многу други болници дониравме две возила, бидејќи, како што кажа директорката, пациентите во полесна и во потешка состојба се транспортирале во седечка положба, објави Асани.

Директор на Агенција за управување со одземен имот, нагласува дека во најголем број донираат возила во МВР, затоа што тие се грижат за нашата безбедност и треба да имаат возила, како и на против пожарни служби ширум државава, кои исто така се грижат за нашата безбедност и спасуваат животи.

– Донираме и на Дирекција за заштита и спасување, кои исто така се грижат за нашата безбедност, а со ситуацијава со Ковид 19 и докажаа во дебарскиот регион дека се на ниво на задачите! Со одлука на вклада имаме донирано возило на училиште за деца со посебни потреби, за да имаат кој да ги носи и враќа од училиште, објави Асани.

Треба да знаете
Последни објави