Search

Агенцијата за медиуми не донесе одлука за да се испита сопствеништвото на 1ТВ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми (АВРМ) не донесе одлука за да испитува сопствеништвото на 1ТВ, каде што Бојан Јовановски познат како Боки 13 во јавноста се претставува како сопственик, иако во официјалните документи никаде не фигурира како газда. Одлуката за неповедување постапка денеска беше донесена од Советот на АВРМ. Тројца членови беа „за“ донесување одлука, двајца воздржани и двајца беа против.

Предлог-одлуката се однесуваше за поведување постапка за утврдување постоење повреда на член 34 кај 1 ТВ ДООЕЛ Скопје.
Членот 34 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиуми забранува таен содружник, односно „радиодифузер не може да има таен содружник кој учествува со паричен или непаричен влог во радиодифузер“. Доколку се утврди дека еден медиум има таен содружник, АВМУ може да ја одземе лиценцата за работа на медиумот.

Сопственик на 1 ТВ, според податоците од Централниот регистар, е фирмата БМЈ Медиа груп, а директор е Јасна Мандиќ.

Како сопственици на БМЈ Медиа груп, пак, повторно се јавува Јасна Мандиќ, но и таткото на Бојан Јовановски, Миле Јовановски, кој воедно е и директор на фирмата. Името на Боки 13 не фигурира никаде во официјалните документи, а тој во интервјуата што ги дава на телевизијата се претставува како нејзин газда.

Треба да знаете
Последни објави