Search

Агенцијата за катастар на недвижности од денеска со променето работно време

– Агенцијата за катастар на недвижности согласно препораките од Владата за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот Ковид-19, информира дека шалтерите во Центарот за катастар на недвижности – Скопје од денеска ќе работат со работно време од 7:30 до 15:30 часот.

Од Агенцијата апелираат до граѓаните кои ќе имаат потреба од услуги или некакви консултации, доколку е возможно тоа да го прават по електронски пат.

Голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб-страницата www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија 0800 80 800.

Треба да знаете
Последни објави