Search

Агенцијата за вработување го подобрува работењето со КАФ моделот за управување со квалитет

Агенцијата за вработување денеска одржа завршна работилница за приоритизација на моделот за управување со квалитет КАФ на која австриски експерти и претставници на Агенцијата ги дефинираа приоритетите за примена на моделот што подразбира самопроценка од страна на вработените според критериуми кои опфаќаат различни области од работата на оваа институција, соопшти АВРСМ.

Самооценката дава можност да се добие преглед на сите силни страни и можностите за подобрување на институцијата.

Директорката на АВРСМ Билјана Јовановска на отворањето на работилницата истакна дека примената на овој модел  е во насока на оставарување на примарната цел на институцијата – ефикасно и квалитетно опслужување на потребите на невработените лица и работодавачите.

– Голема чест за мене како раководно лице на институцијата е тоа што од вкупно 10-те институции во нашата земја кои го имплементираа овој модел АВРСМ беше избрана за институција за која се обезбеди експертска поддршка од Австрија во однос на завршната работилница за приоритизација.Тоа говори дека сме да добар пат за унапредување на нашето работење, рекла Јовановска.

Моделот КАФ се имплементира во АВРСМ на целосно ниво вклучувајќи ја целата организациска структура. Активностите стартуваа во ноември минатата година, како дел од проектот на МИОА и ОБСЕ „Поддршка на државните институции во имплементација на КАФ моделот”.. Со неговата примена треба да се унапреди работа во однос на реализирање на барања за квалитетно планирање, спроведување, контрола и одржливост.

Треба да знаете
Последни објави