Search

Агенцијата „Анадолија” упати апел до властите во Египет за ослободување на нејзините вработени

Агенцијата Анадолија  побара од египетските власти веднаш да ги ослободат вработените на тој медиум во канцеларијата во Каиро приведени во вторникот доцна попладнето.

Управата на Анадолија објави писмено соопштение во врска со приведувањето на четворицата вработени по упадот на египетската полиција во дописништвото во Каиро.

„Како една од најмоќните новински агенции во светот, Анадолија покажа професионално медиумско разбирање, а во текот на пренесувањето на настаните од Египет ги почитувала тие критериуми, внимавала на одразување различни гледни точки и немала некоја негативна или измамничка тенденција”, се вели во соопшение.

Се наведува дека Анадолија работи за зајакнување на пријателските односи меѓу египетскиот и турскиот народ, далеку од сите политички несогласувања.

„Анадолија нагласува дека нејзината екипа во Каиро ги поседува карактеристиките на објективност и професионализам и не извршила какво било прекршување во работата. Анадолија бара од египетските власти итно ослободување на Хилми Балџи, Хусеин ел Кабани, Хусеин ел Абас и Абделселам Мухамед”, се додава во соопштението.

Египетската полиција во вечерните часови на 14 јануари изврши упад во дописништвото на Анадолија во Каиро и потоа приведе четворица вработени, меѓу кои и еден државјанин на Турција, и ги одведе во непознат правец.

Полицијата при упадот  ги изгаснала безбедносните камери и ја прекинала интернет-врската. Безбедносните сили вршеле претрес во   до утринските часови, ги зеле пасошите на вработените, мобилните телефони и компјутерите и ги спречиле да контактираат.

Досега, египетските институции не објаснија зошто се приведени новинарите и каде се однесени, без оглед на барањата за одговор од адвокатите на Анадолија и од турската Амбасада во Каиро.

Турското Министерство за надворешни работи повика на итно ослободување на персоналот на агенцијата и го оцени упадот како чин на насилство и индикатор за негативниот пристап на египетските власти кон демократијата и слободата на медиумите.

И Европската алијанса за новински агенции остро го осуди нападот на египетските безбедносни сили врз канцелариите на турската државна новинска агенција Анадолија во Каиро.

Треба да знаете
Последни објави