Search

Агентот на Роналдо се сретна со претседателот на Барселона Лапорта

Агентот на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо се сретнал со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, тврди „АС”.

Според шпанскиот весник, страните разговарале за иднината на напаѓачот, кој ова лето сака да го напушти англискиот клуб. Постои можност Каталонците да се обидат да го купат Португалецот во случај на неуспех со трансферот на Роберт Левандовски од Баерн.

Роналдо се врати во Манчестер јунајтед на крајот на август 2021 година. Во сезоната 2021/22 тој постигна 24 гола и направи три асистенции на 38 натпревари за тимот во сите натпреварувања.

Договорот на португалскиот фудбалер со клубот од „Олд Трафорд” е до 30 јуни 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави