Search

Агентот на Бејл: Зошто еден од најдобрите играчи во светот би се согласил на изнајмување?

Агентот на крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Герет Бејл – Џонатан Барнет негираше дека Велшанецот ќе се врати во Тотенхем како отстапен до крајот на сезоната по тешката повреда на напаѓачот на Спарс, Хари Кејн.

– Тој ќе игра за Реал Мадрид вечерва, со две и пол години преостанати од неговиот договор со клубот. Тој е во ред, тој ќе остане таму и сè ќе биде добро. Тој е меѓу најдобрите играчи на светот. Зошто еден од најдобрите играчи би одел на изнајмување? Ова е смешно. Отсекогаш сум го зборувал тоа, никогаш не сум се премислил. Работите можат да се променат, но изнајмувањата се глупави, и без тоа, нема многу клубови што можат да си го дозволат. Тој е среќен и се надевам дека ќе освои уште неколку трофеи со Реал Мадрид, изјави Барнет за „Скај Спортс”.

Треба да знаете
Последни објави