Search

Агентот на Бејл: Гарет не заслужи таков третман од Реал

Личниот агент на Герет Бејл, Џонатан Барнет, повторно го искористи своето интервју за да се присети на расипаната врска меѓу неговиот клиент и Реал Мадрид.

– Не мислам дека Гарет заслужуваше таков вид третман од клубот. Со сè што даде за овие седум сезони, тој заслужува поинаков третман. Она што му се случи беше срамота, а Реал Мадрид не помогна во оваа ситуација, изјави Барнет за „BBC Radio 4″.

Тој додаде дека Бејл го сака Тотенхем и тие први направиле напори за тој да пристигне кај нив.

– Имаше многу клубови, дури и со поголеми имиња, кои беа заинтересирани за него, но тој го избра Тотенхем. Се надевам дека сè ќе оди добро и тој нема да мора да се врати во Мадрид следната сезона. Не сакам да се врати во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе триумфира во Тотенхем, изјави Барнет.

Треба да знаете
Последни објави