Search

Автопатот и преминување на границата со Косово, тема на средбата на Груби со косовскиот колега Тахири

Првиот заменик премиер на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска имаше средба со неговиот косовски колега Бесник Тахири, а по разговорите тој истакна дека меѓу двете земји нема никакви отворени прашања и дека односите се одлични. Главни теми на средбата биле границите кои се затворени поради Ковид-19 и автопатот, како и размена на искуства.

-Разговаравме за пренос на најдобрите искуства од нашата земја во Косово и обратно, посебно во делот на интеграција на нашата земја во  ЕУ, додека интеграцијата на Косово во НАТО и во ЕУ. Исто така разговаравме и околу пандемијата Ковид -19 и, јас, лично, се залагам за отворање на границите по примерот на границите помеѓу Албанија и Косово, затоа што Албанија и Косово никогаш не ги затворија границите и трансмисијата на заразата е минимална, додека придонесите за економиите на двете земји беа огромни посебно со последиците што ги носи пандемијата, рече Груби.

Од тие причини, додаде тој, со Косово, со Србија и со сите други соседи треба да ги либерализираме границите за нашите економии да може да функционираат послободно и поефикасно.  

Груби изрази задоволство од посетата на Тахири, потенцирајќи дека верува оти тој ќе се ангажира за нашите билатерални односи на најискрен и најконструктивен начин затоа што е пријател на нашата земја.

Косовскиот вицепремиер Тахири истакна дека со Груби разговарале посебно за три теми и тоа  секретаријатот што Владата во Приштина сака да го примени и да се стекнат со иксуствата коишто  ги имаше РСМ во врска со тоа прашање, втората тема бил автопатот што треба да се гради и третата тема е поврзана со Ковид-19. 

-Автопатот во делот на Косово е веќе завршен и се надевам дека РСМ скоро ќе почне со работа за да може да се поврзат двете страни уште побрзо и да имаме подобра економска размена, рече Тахири.   

Во однос на Ковид-19, како што кажа тој и Груби разговарале за тоа дека би требало да се отворат границите за да може да работиме, да се движат луѓето, а и би било голем придонес за економијата. 

Треба да знаете
Последни објави