Search

Автомобил удри во пешак во Битола

Седумдесет и деветгодишен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил во Битола.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во 11 и 30 часот, на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Климент Охридски“, кога автомобил „цитроен ксантија“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(39) од Битола удрило во М.З.(79) од Битола.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.

Треба да знаете
Последни објави