Search

Автомобил се судрил со товарен воз во Велес

Нема повредени во железничката несреќа која вчера во 17 часот се случила на железнички премин од пругата Велес-Битола кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“ во Велес.

Во моментот кога автомобил „бмв“ со италијански национални ознаки, управуван од Џ.Е.(48) од селото Долно Јаболчиште преминувл н железничкиот премин бил удрен од товарен воз, управуван од Д.Н.(53) од селото Лопате.

Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола бил во прекин од 17 до 19.40 часот.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

 

Треба да знаете
Последни објави