Search

Автомобил паднал во канал, возачот тешко повреден

Возач бил тешко повреден кога со автомобилот што го управувал излетал од патот и паднал во одводен канал, вчера во близина на Прилеп.

Според полицијата, сообраќајката се случила на локалниот пат меѓу селата Браилово – Долнени, кај железничката станица Браилово.

Автомобил патничко возило „форд галакси” без регистарски ознаки, управуван од Д.В.(45) од селото Сенокос,  изгубил контрола и паднал во одводниот канал.

Д.В. се здобил со тешки повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп.

Увид извршила екипа од ПС Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави