Search

Автомобил излета од пат кај Маџари

Едно лице е полесно повредено откако автомобил излета од пат објави Курир.

Од МВР за Курир информираат дека несреќата е пријавена околу 3:30 часот, а истата се случила на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на Трубарево. Според полициските информации, 24 годишниот скопјанец Х.К. управувајќи автомобил „Алфа“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот. Во несреќата со полесни повреди се здобил сопатникот во возилото. Полициски екипи на местото на сообраќајната несреќа извршиле увид.

Треба да знаете
Последни објави