Search

Автомобил излетал од пат, четворица повредени

Сопатник бил тешко повреден, а возачот и уште двајца сопатници меѓу кои и малолетник биле полесно повредени кога автомобилот во кој се возеле излетал од пат, вчера на локалниот пат помеѓу туристичка населба Претор и туристичка населба Асамати во Ресен.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 15.45 часот кога автомобил „шкода” со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.С(64) од ресенското село Горно Крушје, излетало од патот.

Во незгодата со тешки повреди се здобил сопатникот В.Т. (62)од Ресен, кој бил пренесен во болницата во Ресен.

Возачот, како и сопатниците Р.С.(37) и уште еден малолетник, двајцата од  Швајцарија, биле полесно повредени.

Увид извршила увидна екипа од ПС Ресен.

Треба да знаете
Последни објави