Search

Автомобил излетал од пат, возачот тешко повреден

Возач бил тешко повреден откако со автомобилот што го управувал излетал од пат и се превртетл, вчера во близина на Кавадарци.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 9.30 часот, на локалниот пат за селото Дреново, кога втомобил „шкода фелиција“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Ц.П.(56) од селото Дреново, излетал од патот.

Возачот бил тешко повреден по што бил пренесен во болницата во Кавадарци, каде му била укажана лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот.

 

Треба да знаете
Последни објави