Search

Автомобил излетал од патот кај Виница и се запалил, возачот тешко повреден

Дваесет и едногодишно момче од Виница е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Виничка Крстосница- Виница.

Според информациите на МВР, автомобил „пежо 206“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(21) од Виница, излетал од коловозот, по што се запалил. Пожарот бил изгаснат од Територијалните противпожарни единица Кочани и Виница.

По незгодата, возачот Д.С. бил пренесен во Клиничката болница во Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Виница. Засега не се познати причните за несреќата.

Треба да знаете
Последни објави