Search

Автомобилите во ЕУ во иднина ќе бидат побезбедни

 Во новите автомобили во ЕУ треба да бидат вградени безбедносни уреди, како интелигентни прилагодувања на брзината и систем за итни сопирање, со цел да се зголеми нивната безбедност од мај 2022 година, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Ова законодавство и новата задолжителна опрема ќе помогне да се спасат илјадници животи во годините што доаѓаат. Наш приоритет отсекогаш била сигурноста на корисниците на патот, особено на најранливите категории. Оваа регулатива се занимава со најдиректното прашање на живот и смрт. Воведува напредни уреди кои ќе им помагаат на возачите, а не само да ги информираат, изјави известувачот на Европскиот парламент, полската европратеничка Роза Тун.

Новите правила ќе бараат опремување на новите возила со околу 30 уреди. Повеќето технологии ќе станат задолжителни почнувајќи од мај 2022 година за новите модели и од мај 2024 година за постоечките модели.

Се проценува дека интелигентниот систем за прилагодување на брзината би можел да го намали бројот на смртни случаи на патиштата во ЕУ за 20 отсто. Овој систем ќе му овозможи на возачот информации базирани на мапи и сообраќајни знаци кога ќе ја надмине дозволената брзина, со што не само што ќе се обезбеди поголема безбедност за учесниците во сообраќајот, туку и ќе се спречува возачите да биде казнувани за брзо возење.

Други напредни функции на новите возила, меѓу другото, ќе вклучуваат автоматско сопирање за итни случаи, препознавање на расеаност на возачот, откривање на движење во спротивна насока.

На барање на Европарламентот, сите возила ќе бидат опремени  исо „црна кутија”, која ќе снима критични настани и податоци неколку секунди пред да се случат. Тие ќе обезбедат клучна информација за анализа и намалување на несреќите.

Камионите и автобусите ќе бидат проектирани и изработени така што за возачите ќе бидат повидливи најранливите учесници во сообраќајот, како велосипедистите или пешаците. Сите големи возила, исто така, ќе бидат опремени и со напредни функции, како предупредување за судир со пешак или велосипедист или информациски систем за слепите агли. Оваа технологијата ќе се применува од ноември 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави