Search

Автобус удри дете, со тешки повреди пренесено во Клинички

Д.Н.(52) од скопско Мралино вчера попладне управувајќи автобус ,удрил во 11 годишно дете од Скопје на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.

-По незгодата, со возило на брза помош детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза”,  каде му биле констатирани тешки телесни повреди. На патничка во автобусот, Ж.Ј.(48) од Скопје и била укажана лекарска помош во Градска општа болница “8-ми Септември” каде и биле констатирани телесни повреди, информираат од МВР.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави