Search

Автобус пропадна во дупка на улица во Солун

Автобус што превезувал работници од нафтена рафинерија во Солун денеска пропаднал во дупка на патот, која била предизвикана од обилните дождови. Како што пренесуваат домашните медиуми, во инцидентот нема повредени.

Во моментот на несреќата во автобусот имало 15 лица, пренесува АП.

Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и други делови на Грција, а поради невремето многу патишта беа затворени.

Треба да знаете
Последни објави