Search

Автобус на ЈСП прегазил пешак во Скопје

Автобус на ЈСП прегазил жена и тешко ја повредил, вчера во Скопје.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 14.15 часот на булеварот Христијан Тодоровски- Карпош во Скопје. Автобус на ЈСП, управуван од С.С.(53) од Скопје удрил во пешакот И.Џ.(66) од Скопје.

И.Џ. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

 

Треба да знаете
Последни објави