Search

Автобус на “Еуробус” сообраќал од Штип до Виена, првични информации се дека возачот заспал

Автобус на Еуробус сообраќал од Штип до Виена, првични информации се дека возачот заспал

Причините за несреќата сѐ уште се испитуваат, но според првичните резултати од истрагата најверојатно шоферот на автобусот заспал.

Автобусот сообраќал од Штип до Виена.

Ситуацијата беше навистина драматична. Aвтобусот беше превртен настрана. Јас со пожарникарите се качив на автобус. Во возилото имаше четири заглавени патници, а три беа без знаци за живот, изјави докторката Јелена Миленковиќ која заедно со нејзиниот тим први пристигнале на местото на трагедијата, пренесува Курис.рс.

Мирсад Малагиќ од Итната помош во Лесковац вели дека добиле информација за голем број на повредени и на местото на несреќата веднаш испратиле два тима. „Откако ни беше јавено дека треба е потребна дополнителна помош, испративме уште три екипи“, објаснува Малагиќ. Од Ниш дојдоа уште пет лекарски екипи.

Пожарникарите ги ослободуваа повредените патници кои беа заглавени во автобусот. Две жени биле извлечени од под автобусот и се меѓу најтешко повредените кои се транспортирани во Клиничкиот центар во Ниш.

Од македонските власти засега нема никаква информација околу овој настан.

Треба да знаете
Последни објави