Search

Автобусите на ЈСП Скопје поради градежни работи ќе имаат изменети траси на три линии

Ве информираме дека од утре, петок (3.12.2021 год) од 8 часот до понеделник (6.12.2021 год)до 6 часот, поради градежни зафати на дел од улица „Лука Геров“ во населба Даме Груев, возилата од линиите 22, 22А и 64А во тој реон ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, соопштуваат од ЈСП Скопје.

Возилата од јавниот превоз во насока од Транспортен центар и Клинички центар до после надвозникот на улица „Лука Геров“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат десно по улица „Лепенец“, па лево по улица „Шар планина“, па пак лево по улица „Тиранска“ и од таму ќе се вклучат десно на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжуваат по своите редовни траси до Лепенец и Никиштани.

Во насока одНикиштани и Лепенец до крстосницата на улица „Лука Геров“ со улица „Тиранска“ ќе сообраќаат по своите редовни траси, потоа ќе вртат лево по улица „Тиранска“, па десно по улица „Шар планина“, потоадесно по улица „Лепенец“ и пред надвозникотќе се вклучат лево на улица „Лука Геров“ од каде што ќе продолжат по своите траси до Транспортен центар и Клинички центар.

 

Треба да знаете
Последни објави