Search

Австрија откри уште еден случај на шпионажа во корист на Русија

Канцеларијата на австриското државно обвинителство за борба против економскиот криминал и корупција започна истрага против австриски контраразузнавачки агент, кој е осомничен дека оддавал тајни и шпионирал во корист на Русија.

Весникот „Кронен Цајтунг“ пишува дека истрагата започнала уште пред една година и дека на осомничениот поради откривање на податоци му се заканува казна затовр и до 10 години, ако биде прогласен за виновен.

Вчера беше уапсен пензионираниот полковник на австриската армија кој пред неколку дена беше обвинет дека работел како руски шпион, објавија обвинителите.

Тој беше уапсен под сомневање дека би можел да избега, рече портпаролот на обвинителството во Салцбург.

Неименуваниот пензиониран полковник во австриската војска за време на неговата активна служба шпионирал 30 години за Русија, открија австриските власти, благодарение на информации добиени од странски разузнавачки служби.

Според информациите првиот контакт со австрискиот полковник и руските служби е снимен во 1988 година, за време на неговата посета на Техеран, каде што се регрутира и три децении потоа ѝ испраќал информации на Русија, за што биле давани и 300 000 евра, пишува виенскиот весник „Кронен цајтунг”.

Москва пред сè ја интересирале инфомрации за борбените авиони „јурофајтер”. Полковникот работел многу професионално, имал неспоредлива улога во раководството на армијата. Секои две недели бил во контакт со неговата руска врска под името „Јуриј”, пишуваат тамошните медиуми.

Задачите за неговите „дополнителни работи” тој ги добивал преку еден приемник, но своите пораки ги пишувал на тајно писмо или, пак, нив директно, преку сателитски комуникации ги проследувал до Русите.

Интересот на Русија во австриската армија бил голем, дознала контраразузнавачка служба во текот на истрагата. Полковникот требало да собере колку што е можно повеќе чувствителни информации за воената авијација на Австрија, артилериските системи, како и брифинзи на седиштата.

Непосредно пред откривање на полковникот, тој испраќал извештаи за состојбата со миграцијата во Австрија и составувал детални профили на личности од многу високи офицери во австриската војска. Кога Русите добиле информации за можно откривање на нивниот шпион било наредено да се уништат сите материјали, но австриските власти успеале да го спречат тоа.

Треба да знаете
Последни објави