Search

Австрија купува 18 италијански хеликоптери

Австриското Министерство за одбрана донесе одлука да набави 18 хеликоптери од Италија за потребите на армијата, пренесуваат локалните медиуми.

Станува збор за хеликоптерите „ AW169M”, што ќе ги заменат застарените авиони во австриската армија „Алует III”.

Италијанскиот производител успеа да се наметне против двата поевтини модели „Бел” од САД и „Ербас” од Германија.

Станува збор за повеќенаменски хеликоптери, кои Австрија  ќе ја чинат 300 милиони евра.

Првите хеликоптери ќе бидат испорачани во Австрија во средината на 2022 година.

Треба да знаете
Последни објави