Search

Австрија забрани исламски шамии за девојчињата во основните училишта

Австриските пратеници го одобрија нацрт-законот што го предложи коалициската влада на десницата и екстремната десница со кој со забранува носење шамија во основно училиште.

За да се заштитат од обвиненија за дискриминација против муслиманите, во текстот се споменува „секоја облека во идеолошки или религиозен контекст што ја покрива главата“.

Но, членовите на владејачката коалиција, конзервативците ОВП на канцеларот Себастијан Курц и крајната десница ФПО јасно рекоа дека законот е насочен кон исламската шамија.

Имено, владата истакна дека прекривките за глава кои ги носат момчињата сики, познати како патка, и еврејската капа нема да бидат забранети.

Портпаролот за образование на ФПО, Венделн Моелцер, рече дека законот е сигнал против политичкиот ислам, а претставникот на ОВП, Рудолф Ташер, истакна дека текстот е неопходен за општеството да се осигура дека девојчињата не се држени во ропска покорност.

Треба да знаете
Последни објави