Search

Австрија го сопре железничкиот сообраќај со Италија поради корона вирусот

Властите во сојузната покрина Тирол во Австрија вечерва го сопреa железничкиот сообраќај меѓу Италија и Австрија откако беше запрен воз поради сомневање дека во него има двајца патници заразени од коронавирус.

Австриското Министерство за внатрешни работи објави дека италијанските железници (ФС) ги известиле австриските железници (ÖBB) дека двајца патници со симптоми на висока температура се наоѓаат на возот „Евросози 86“ кој сообраќал од Венеција за Минхен.

-Го стартувавме протоколот предвиден за вакви ситуации, рекоа од ÖBB.

Двете композиции стојат на перонот кај Бренер, планиски премин низ Аплите,  а за патниците се грижи персоналот на железницата. Неколку возови кои од Итлија или преку Италија требало да влезат во Австрија се сопрени на претходните станици.

Нехамер и Министерот за здравство Рудолф Аншчобер во текот на денот изјавија дека Австрија е целосно подготвена за појава на вирусот корона, откако три лица починаа во Италија и 153 беа заразени. Тој посочува дека развојот на настаните во соседната земја се следи многу сериозно, но нема место за паника.

Треба да знаете
Последни објави