Search

Австрија бара обесштетување од градоначалникот

Република Австрија, поради повторувањето на вториот круг од претседателските избори во 2016 година, бара парично обесштетување од шефовите на 14 изборни комисии.

Имено, на минатите претседателски избори, вториот круг на гласање мораше да се повтори поради неправилностите што беа востановени, особено во некои општини.

Градоначалникот на Филах, Гинтер Албел, кој во јули беше осуден за нерегуларност во вториот круг од претседателските избори, треба да плати дури 36.000 евра, рече неговиот адвокат Мајнхард Новак.

Албел доби писмо од финансиските власти во кое институцијата тврди дека неправилностите во неговата изборна област придонесоа за поништување на гласањето и дека на тој начин ѝ нанел штета на државата во висина од 8,47 милиони евра.

Финансиските власти им дале рок на Албел и на шефовите на 13 изборни комисии до јуни да го платат обесштетувањето.

Ако не го сторат тоа, тогаш ќе бидат преземени судски чекори.

Треба да знаете
Последни објави