Search

Австрискиот претседател остро го осуди вицеканцеларот и рече дека избори се неизбежни

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, вечерва изјави дека со делувањето на некои членови на австриската влада е изгубена довербата во институциите и е извалкан угледот на Австрија, што е причина поради која предвремени избори се едноставно неизбежни.

Ван дер Белен во, за него, многу остар говор, пред новинарите изјави дека сликите кои од синоќа може да се видат во Австрија сведочат за лошо однесувње, кое не одговара ниту за земјата, ниту за граѓаните.

„Тоа се срамни слики, но никој во Австрија не треба да се срами. Ние не сме такви, тоа не е Австрија. Она што го покажуваат овие слики е дрско непочитување кон граѓаните. Претставници на Републиката ја злоупотребија довербата на граѓаните, а тоа не смее да се толерира“, рече претседателот коментирајќи ја снимката која ја објавија германските медиуми, а на која се гледа вицеканцеларот и лидер на Слободарската партија (ФПО), Хајнц Кристијан Штрахе, како на наводна внука на руски милијардер и нуди државни позиции во замена за финансиска поддршка за неговата партија.

Штрахе претходно денеска поднесе оставка од сите политички функции.

Ван дер Белен во својот говор истакна и дека граѓаните мора да бидат сигурни оти може да се потпрат на владата, државните функционери и институции.

Треба да знаете
Последни објави