Search

Австриската владејачка партија бара брзо воведување на законот против политички ислам

Шефот на пратеничкиот клуб на австриската владејачка Партија на слободата (ФПО), Јохан Гуденус, сака дo средината на следната година да се усвои закон против политички ислам.

Гуденус, во изјавата за агенцијата АПА, рече дека потребно е што побзро да се примени коалициската програма со која е утврдено усвојувањето на овој закон.

Додаде дека со веќе усвоеното проширување на законот за забранети симболи, во кој се вклучени неколку симболи на Исламска држава, Ал Каеда и други терористички групи, не е заокружен целиот пакет бидејќи политичкиот ислам и натаму е закана која може да се прошири низ Австрија, првенствено во Виена и во други поголеми градови, но исто така и низ Европа.

„Мора да ги заштитиме граѓаните, како и умерените муслимани од политичкиот ислам. Политичкиот ислам претставува нетолеранција – нетолеранција кон жените, антисемитизам и агресија која не е потребно во Австрија и Европа. Ова е непожелна појава и тоа треба да се нагласи во кривичното законодавство“, рече Гуденус.

Треба да знаете
Последни објави