Search

Австралијката МекКардел по рекорден 44. пат го преплива Ла Манш

Австралиската маратонска пливачка Клои МекКардел по 44. пат го преплива Ла Манш и постави нов светски рекорд за кој и беа потребни 12 години, повеќе од 450 часови минати во студени води и најмалку 1.5 милиони завеслаи.

Досегашната рекордерка беше Британката Алисон Стритер, а рекордот за пливачи од 34 препливувања на каналот, кој ја дели Англија од Франција, 36-годишната МекКардел го собори минатата година.

МекКардел, која ги совлада вештините на пливањето дури на 11 годишна возраст, а со 19 години одлучи да се посвети на маратонското пливање, повеќе пати досега во кариерата двојно го преплива Ла Манш, а има и еден трикратен подвиг, кога во морето мина нешто повеќе од 37 часови.

Треба да знаете
Последни објави