Search

Австралија ќе го признае Ерусалим како главен град на Израел

Додека Израел го смета Ерусалим за главен град, вклучувајќи го и источниот дел од градот, одземен од Јордан во 1967 година, меѓународната заедница не ја признава окупацијата на Источен Ерусалим, тврдејќи дека неговиот статус треба да се утврди врз основа на договор со Палестинците.

Австралиската влада треба да ја ратификува одлуката за признавање на Ерусалим како главен град на Израел подоцна денеска и официјално ќе го објави овој потег во среда, пренесува австралиската „Ес-би-ес њуз“.

Поради трошоците за овој потег проценети на 200 милиони долари, Австралиската амбасада нема да биде преместена од Тел Авив, но во Ерусалим ќе биде отворена конзуларна канцеларија.

Весникот „Аустралиан“, пак, објави дека е нејасно дали владата ќе го признае Ерусалим како целина или само Западен Ерусалим како главен град на Израел.

Најавата доаѓа откако австралискиот премиер Скот Морисон му рече на премиерот Бенјамин Нетанјаху во октомври дека размислува да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја пренесе амбасадата таму.

„Отворен сум за понатамошни чекори како преместување на амбасадата исто како и колегите од Кабинетот. Велам дека сум отворен да размислам за тоа”, истакна Морисон.

Треба да знаете
Последни објави