Search

Австралија истражува обид за хакирање на парламентот

Властите во Австралија ќе го истражуваат обидот за хакирање на компјутерската мрежа на националниот парламент, изјавија двајца високи функционери, кои додадоа дека не постојат докази дека било пристапено до податоците на мрежата или дека истите биле украдени.

Во еден од најголемите сајбер-напади во Австралија, Тони Смит, спикерот на долниот Претставнички дом, и Скот Рајан, претседателот на Сенатот на Горниот дом, рекоа дека на сите пратеници им било кажано да ги ресетираат лозинките како мерка на претпазливост.

„Немаме докази дека ова е обид да се влијае врз исходот од парламентарните процеси или да се нарушат или влијае врз изборните или политичките процеси“, се вели во заедничката изјава.

Засега е непознато кој стои зад нападот, иако не се исклучува можноста да се работи за хакери поддржани од други земји.

„За да извршите таков напад ви се потребни големи ресурси, па најверојатно се работи за државен актер“, рече Џејмс Дериан, директор на Центарот за меѓународни студии по безбедност на Универзитетот во Сиднеј, додавајќи дека во тој случај најочигледните осомничени би биле Кина и Русија.

Треба да знаете
Последни објави