Search

Австралија им се придружува на САД во „обезбедување на безбедна навигација“ во Ормускиот Теснец

Австралискиот премиер Скот Морисон објави дека неговата земја им се придружува на Соединетите Американски Држави во „обезбедување на безбедна навигација“ во Ормускиот Теснец и ќе испрати ограничен воен контингент во Персискиот Залив.

„Треба да дадеме свој придонес во меѓународната мисија за одржување мир и безбедна пловидба во Ормускиот Теснец“, рече Морисон.

Тој истакна дека околу 25% од нафтата доставена до Австралија поминува низ теснецот.

Како дел од воената мисија во Персискиот Залив ќе бидат испратени еден воен брод, авиони за набљудување и ограничен контингент на авиони и офицери на австралиската армија.

Велика Британија на 6 август објави дека се приклучува кон американската коалиција во Ормускиот Теснец.

Соединетите Американски Држави најавија создавање поморска коалиција откако Иран заплени британски танкер, поради наводно кршење на поморскиот закон и напад на непознати сили на бродовите во Персискиот Залив, тврдејќи дека целта ќе биде „да се обезбеди безбедност на навигацијата“ преку клучна рута за извоз на нафта.

Треба да знаете
Последни објави