Search

Австралија ги олабавува мерките, а блокадите во Оукланд остануваат уште две недели

Илјадници деца во Сиднеј денеска се вратија на училиште по неколкумесечно учење од далечина, бидејќи најголемиот град во Австралија, поттикнат од зголемените стапки на вакцинација, продолжува да ги олеснува ограничувањата за Ковид-19.

Маските повеќе нема да бидат задолжителни во канцелариите, а повеќе луѓе ќе можат да се собираат дома и на отворено, откако сојузната држава Нов Јужен Велс, каде се наоѓа Сиднеј, достигна стапка на вакцинација од 80 проценти за лица над 16 години.

„ Ова не е готово, има уште долг пат, рече денеска премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перо, повикувајќи ги луѓето строго да ги почитуваат преостанатите здравствени прописи.

Нов Јужен Велс денеска пријави 265 нови случаи на коронавирус, што е најнизок дневен скок во последните 10 недели и значително под максималниот број од 1.599 регистрирани во почетокот на септември. Соседна Викторија пријави 1.903 нови случаи, што е зголемување од 1.838 претходниот ден. Главниот град на таа земја, Мелбурн, е на пат да започне да излегува од блокадата во која беше речиси девет месеци, бидејќи вакцинацијата се приближува до стапката од 70 проценти.

Некои австралиски држави, кои немаат пријавени случаи на вирус, соопштија дека ќе ги држат затворени внатрешните граници од страв дека повторното отворање може да го совлада нивниот здравствен систем. Спротивно на тоа, федералната влада соопшти дека од утре ќе издаде пасоши за вакцинација за меѓународни патувања, клучен чекор во плановите да им се овозможи на австралиските граѓани да патуваат во странство од следниот месец.

Со приближно 145.000 случаи на коронавирус и 1.543 смртни случаи, изложеноста на Австралија на пандемијата на коронавирус беше релативно ниска.

„ Блокадата ќе остане во сила уште две недели во најголемиот град на Нов Зеланд, Окленд, поради борбата против епидемијата на делта-сојот, изјави премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.

Нов Зеланд се бори со епидемија на делта-сојот што се прошири надвор од Окленд и соседните региони, и покрај острите мерки и затворање на границите. Ардерн посочи дека нема да има промена во социјалните ограничувања што беа во сила во Окленд во изминатите 62 дена.

Треба да знаете
Последни објави