Search

Австралискиот сенатoр не се повлекува откако ги обвини муслиманите за нападот во Нов Зеланд

Австралискиот сенатор кој имплицираше дека муслиманите се виновни за нападите врз џамиите во Нов Зеланд стои зад своите забелешки, обвинувајќи ја владата за хипокризија. Повеќе од еден милион луѓе потпишаа петиција за негова оставка, пренесува РТ.

Сенаторот од Квинсленд, Фрејзер Анинг, со пркос ја истрпи лавината од критики и повици за негова оставка поради неговата контроверзна забелешка за масакрот во Крајстчрч. Во изјавата објавена истиот ден кога 50 луѓе беа застрелани од Брентон Тарант, Анинг сугерираше дека трагедијата го истакнала растечкиот страв поради зголеменото присуство на муслиманите во Нов Зеланд.

Иако Анинг го осуди масакрот во својата првична изјава, тоа не го спаси од гневот на поголемиот дел од светот, вклучувајќи го и австралискиот премиер Скот Морисон и политичарите од сите провиниенции.

Масивната онлајн и офлајн реакција што тој ја предизвика кулминираше со физички судир со 17-годишен демонстрант во саботата, кој скрши јајце врз главата на Аннинг, кој му возврати со шлаканица.

Инцидентот со тинејџерот Вилијам Коноли, во меѓувреме, се појави во форма на графит во познатата графити уличка „Хозиер лејн“ во центарот на Мелбурн.

Анинг продолжи да го брани својот став во неделата на специјално закажаната прес-конференци нагласувајќи дека додека медиумите ја искривуваат неговата првична изјава, тој не чувствува потреба да се извини.

„Она што луѓето го извадија од контекст е од истото соопштение за печатот во кое реков дека земјите што дозволуваат голема муслиманска миграција потоа секогаш се сведоци на ескалација на криминалот, насилството и на терористички напади”, рече Аннинг во неделата.

„Што се однесува до мене, тоа е само посочување факти со кои, поради некоја причина, сум вознемирил многу луѓе, вклучувајќи го и премиерот Морисон.”

Анинг го обвини премиерот дека е лицеме рбидејќи не посветува толку големо внимание на маките на христијаните кои се соочуваат со муслимански напаѓачи.

„Во последните 30 дена муслиманите изведоа 122 терористички напади врз невини христијани и други цивили во 21 земја, при што загинаа 859 луѓе. Во однос на тоа, молкот од Морисон и од медиумите е громогласен”.

Аннинг тврди дека ако не ѝ стави крај на муслиманската имиграција, Австралија е на пат да ја доживее судбината на европските земји како Франција, Белгија, Велика Британија, Холандија и Германија, кои се изложени на терористички напади инспирирани од радикалниот ислам.

Прашан дали жали за тајмингот на својата изјава, Анинг рече дека не жали за ништо, а се бранеше и поради физичката реакција кон тинејџерот што го нападна.

„Тој доби шлаканица в лице, нешто што мајка му многу одамна требало да го направи поради неговото лошо однесување”, рече Аннинг.

Треба да знаете
Последни објави