Search

Австралискиот премиер се премисли- ќе учествува на самитот за климата COP26 во Глазгов

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска ја повлече упатената закана дека следниот месец ќе го пропушти исклучително важниот самит на ОН за климата, откако состанокот го нарече „важен настан”, пренесоа француските медиуми.

-Го потврдив моето присуство на самитот во Глазгов, на кој со нетрпение очекувам да присуствувам, им рече Морисон на новинарите.

Наоѓајќи се под зголемен притисок за усвојување поамбициозни цели за климата, конзервативниот лидер навести дека нема да им се придружи на другите шефови на влади во најголемиот шкотски град.

Но, неговите коментари ги разгневија активистите за климата и беа примени како директно дипломатско одбивање на Обединетото Кралство, домаќин на самитот и близок сојузник.

Во една од ретките свои политички изјави, британскиот принц Чарлс изрази изненадување од неподготвеноста на Морисон и кажа дека би било „катастрофа” доколку лидерите не преземат одлучни дејствија за запирање на климатските промени.

Австралија, земја за која се смета дека заостанува во бробата против климските промени, е еден од најголемите светски извозници на јаглен и гас и долго време се спротивставуваше на целта да се усвои неутралност во однос на емисиите на јаглерод.

Иако се приближи до одредување на крајниот датум за завршување на оваа цел, 2050 година, Морисон одби да ја постави целта како задолжителна и се уште не се обврзува со позначајни цели за намалување на емисиите до 2030 година.

Самитот во Шкотска, што ќе трае 12 дена, ќе биде најголемата конференција за климата по преговорите во Париз во 2015 година и се смета за клучен чекор во поставувањето на целите за намалување на глобалните емисии за забавување на глобалното затоплување.

Треба да знаете
Последни објави