Search

Австралискиот бик Никерс е толку голем што не го сакаат ниту во кланица

Бикот Никерс има седум години, висок е 1,94 метри без главата, тежок 1,4 тони и е најголем бик во Австралија. Тој стана најнова интернет-сензација откако сопственикот не успеа да го продаде на аукција едноставно зашто е прекрупен, а не го сакале ниту во кланица. Така Никерс ќе биде едно од ретките говеда кои ќе умрат од старост.

-Секогаш се разликуваше од останатите, беше малку поголем. Иако некои други говеда од крдата кога беа помлади беа испраќани во кланица, тој беше поинаков па одлучивме да го оставиме, рече сопственикот Џеф Пирсон за Би-Би-Си.

Тој објасни дека конечно одлучил да го продаде, но работниците во погонот му рекле дека е претежок за машините и за синџирите, а неговото месо би било едноставно преголемо. Неговата големина му го спаси животот па остатокот од животот ќе го продолжи на фарма во Западна Австралија, околу 135 километри јужно од Перт.
Пирсон го купил кога имал само 12 месециза да биде “тренер” и да го предводи остатокот од крдото. Никерс е вол, односно кастриран бик од холштајн-фризијската раса која во просек е висока околу 1,5 метри и тешка околу 700 килограми. Во просек живеат околу четири години.
Иако е навистина извонреден примерок, Никерс не е највисокиот вол во светот. Таа титулата му припаѓа на Белин, кој во 2010 година, кога го мереле, достигнал 2,02 метри.

 

Треба да знаете
Последни објави