Search

Австралиската полиција уапси три лица кои побегнале од карантин

Австралиската полиција уапси три лица кои побегнаа од карантински комплекс за ковид среде ноќ, јавува Би-Би-Си.

Центарот „Хауард Спрингс“ во близина на Дарвин на северната територија е еден од главните објекти за карантин во Австралија за луѓето кои се враќаат во земјата.

Полицијата соопшти дека три лица се качиле на оградата за да избегаат од објектот. Полицијата ги пронашла по извршениот претрес. Сите биле негативни на Ковид-19 претходниот ден, пренесуваат тамошните медиуми.

Полицијата постави контролни пунктови околу комплексот и ги прегледува автомобилите што се движат во областа.

Минатиот петок, 27-годишен маж ја прескокна централната ограда и побегна со автомобил кој чекаше во Дарвин. Подоцна беше уапсен, иако беше негативен на Ковид-19, јавуваат австралиските гласила.

Треба да знаете
Последни објави