Search

АВМУ: Не смее да се објавуваат анкети, изборниот молк почнува на 4 мај

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, од денеска не може да се објавуваат резултати од испитувања на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес.

Агенцијата потсетува дека изборниот молк почнува од полноќ на 4 мај 2019 година (сабота) и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 5 мај 2019 година.

За време на изборниот молк, престануваат сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Радиодифузерите, потенцираат од АВМУ, продолжуваат да известуваат за активностите на Државната изборна комисија и за изборниот процес на денот на гласањето, но не смеат да објавуваат какви било информации, фотографии, аудио и аудио-визуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии, и од носители на функции во органите на власта. 

Треба да знаете
Последни објави