Search

Авион со половина тон кокаин се урна во Папуа

Австралиската полиција соопшти дека мал авион Цесна се урнал веднаш по полетувањето од Папуа Нова Гвинеја, бидејќи бил преоптоварен со кокаин наменет за австралискиот црн пазар.

Би-Би-Си јави дека припадник на полицијата изјавил оти „алчноста на криминалците довела до падот на авионот”.

Полицијата соопшти дека во авионот биле натоварени повеќе од 500 килограми кокаин со проценета вредност од 80 милиони долари, како и дека се уапсени пет мажи за кои се верува дека припаѓаат на криминална банда од Мелбурн.

Во соопштението на австралиската полиција се наведува дека криминалната група е под надзор веќе две години.

Треба да знаете
Последни објави