Search

Авион принудно слета поради агресивен патник

Авион „Аерофлот“ кој летал од Барселона за Москва, принудно слета во Полска поради агресивно однесување на еден од патниците, изјавил портпаролот на меѓународниот аеродром „Фредерик Шопен“.

Според наводите на портпаролот, авионот принудно слетал во Варшава поради агресивен и очигледно пијан патник.
Пограничниот персонал го изнесол патникот од авионот, а тој сега ќе остане во Варшава.

„Штом ќе дополни гориво, авионот ќе тргне за Москва“ рекол портпаролот и додал дека тоа ќе се случи за неколку минути.

Треба да знаете
Последни објави