Search

Авион принудно слета во Дубровник, патник починал од инфаркт

Патнички авион што леташе од Дизелдорф кон египетскиот град Марса Алам принудно слета во Дубровник, бидејќи еден од патниците претрпел срцев удар, јавуваат хрватските медиуми.

Според информациите, патникот починал во авионот.

Информацијата за итното слетување на авионот ја потврдил директорот на аеродромот во Дубровник, Франо Луетиќ.

По принудното слетување, по патниците дошол друг авион за да ги одведе во Египет.

Треба да знаете
Последни објави