Search

Авион приземјен поради овошје – патниците не можеле да ја издржат силната миризба

Авион приземјен поради овошје – патниците не можеле да ја издржат силната миризба

Дуриан е прекрасно овошје, тежи меѓу еден и три килограми и има сладок вкус. Најмногу се консумира во Југоисточна Азија, каде што го викаат крал на овошјето.

Сепак, неговиот силен мирис не е нешто што може секој да го толерира. Некои го опишуваат како мешавина од мирис на валкани чорапи, тоалет и канализација.

Поради оваа причина, плод од дуриан приземјил патнички авион откако патниците се пожалиле на силен и неподнослив мирис во кабината.

Летот на компанијата „Сривиџаја ер“ од Бенгкулу кон Џакарта, задоцнил на крајната дестинација по жалбата на патниците за непријатниот мирис во кабината. Некои од нив дури и не сакале де се качат во авионот.

Можеби звучи неверојатно, но овошјето не ни било во кабината, туку во товарниот дел на авионот, но мирисот сепак стигнал до патниците.

Еден час подоцна, дурианот бил истоварен од авионот и летот можел да се реализира.

Инаку, интересно е дека транспортот на ова овошје не е забранет, но неопходно е во товарниот дел да има и кафе и за да се апсорбира мирисот. Исто така, мирисот исчезнува кога авионот е во воздух.

Треба да знаете
Последни објави