Search

Авион од Хургада принудно слетал во Белград, патник доживеал срцев удар

Авион на нискобуџетната холандска авиокомпанија „Трансавиа“ на летот од Хургада до Амсетердам, принудно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград откако еден патник доживеал срцев удар.

Пилотот на авионот во рамки на прицедурите побарал вонредно слетување на аеродромот во Белград, што му било одобрено, а по слетувањето патникот со возило на Брза помош бил пренесен во болница.

По кусото задржување во Белград, авионот полетал за Амстердам. Од болницата во Белград навеле дека пациентот сè уште е кај нив и дека е примен на одделот за кардиологија. Неофицијално станува збор за државјанин на Холандија

Треба да знаете
Последни објави