Search

Авион на „Ер Канада“ принудно слета, повредени 35 лица

Поради силни турбуленции, авион на „Ер Канада“ принудно слета на Хаваите, пришто со повреди завршија 35 лица.

Од компанијата соопштија дека авионот летал кон Австралија, но бил принуден да слета поради непредвидливи турбуленции, пренесе „АП“.

„Според информациите, 35 лица се полесно повредени“, соопшти портпаролката на компанијата.

Авионот по слетувањето го дочекале итните служби.

Турбуленциите, според зборовите на портпаролот на американската Федерална администрација за воздухопловство, се случиле на околу 11.000 метри, на околу 950 километри од Хонолулу.

Од компанијата информираа дека на луѓето во Хонолулу им било обезбедено хотелско сместување и оброк, како и разни опции за продолжување на летот.

Авионот превезувал 269 патници.

Треба да знаете
Последни објави