Search

Авион исчезна од радарите во САД, активирани сите служби за пронаоѓање

Авион исчезна од радарите во САД

Авион исчезна од радарите додека летал над планината Болд во близина на градот Бенингтон во американската сојузна држава Вермонт.

Како што јавија американските медиуми, веднаш по исчезнувањето на леталото започната е потрага по него во која се вклучени локалната полиција и противпожарната служба.

Полицијата засега официјално не ја потврди информацијата за потрагата.

Во медиумските извештаи не се посочува за каков авион станува збор, ниту пак колку лица се наоѓале во него.

Треба да знаете
Последни објави