Search

Авиокомпанија казни патничка со 94.000 евра поради опасно однесување

Патничка на една авиокомпанија доби парична казна од 85.000 фунти (94.000 евра) поради „исклучително опасно однесување,“ објави „Еуроњуз“.

Авиокомпанијата „Џет2“ рече дека 25-годишната Клои Хајнс морала да биде задржана од персоналот и сопатниците на летот до Турција, а нејзиното „агресивно, навредливо и опасно однесување“ вклучувало обид да ги отвори вратите на воздухопловот за време на летот.

Кралското воено воздухопловство (РАФ) веднаш наредило два борбени авиони „Тајфун“ да бидат испратени да го придружуваат летот назад кон аеродромот „Станстед“, доведувајќи до пробивање на звучната бариера. Локалната полиција објави дека набрзо потоа добила голем број на повици поради звукот што потсетувал на експлозија.

Хајнс била уапсена веднаш по пристигнувањето на „Станстед“ под сомнение за напад, криминална штета и загрозување на воздухоплов, потврди полицијата во Есекс неколку дена по инцидентот на 22 јуни. Тие исто така додадоа дека Хајнс била ослободена со кауција до 30 јули.

Авиокомпанијата, исто така, ѝ додели доживотна забрана за летање на Хајнс.

“Се надеваме дека овој отрезнувачки инцидент, со сериозни последици, дава предупредување до другите кои мислат дека можат да се однесуваат на овој начин”, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави