Search

Авганистански преведувач во Бундеверот обвинет за шпионажа во корист на Иран

Пред Вишиот суд во германскиот град Кобленц денеска почна судењето против поранешен преведувач во Бундесвер од авганистанско потекло по обвинение дека шпионирал во корист на иранската разузнавачка служба. За помагање обвинета е и неговата сопруга.

Сојузното државно обвинителство по апсењето во јануари минатата година на 50-годишниот Абдула С поднесе обвинение за велепредавство.

Тој се сомничи дека како преведувач и советник во една касарна во западниот дел на Германија, во 18 случаи проследил воени тајни до иранските разузнавачки служби.

Треба да знаете
Последни објави